Светската шампионка во брзо лизгање и освојувачка на медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Лара ван Рујвен, почина во 27. година од животот од автоимуна болест.

Светското злато го освои минатата година во трка на 500 метри, додека на Игрите во Јужна Кореја со штафетата на 3.000 метри стигна до бронзениот медал.

На Лара моинатито месец, за време на престојот во тренинг кампот и била дијагностицирана автоимуна болест, но не е наведено за која станува збор. Таа набрзо по дијагностцирањето на болеста е ставена во индуциран кома, но и покрај тоа што лекарите направија се да и го спасат животот, па дури и ја оперираа, не успеале.

-Ова е голем удар за нашата многу поврзана група. Многу ни недостасуваше во претходните две недели, а оваа вест е неверојатна, изјави со многу болка и тага тренерот на холандската репрезентација во брзо лизгање Џерон Отер.