На 105-годишна возраст почина легендарната Бранка Веселиновиќ, која беше најстарата актерка на светот.

Родена е во далечната 1918 година, во Бечеј, а во текот на кариерата играше во повеќе од 100 претстави во театар и во повеќе од 50 телевизиски серии и филмови.
Бранка Веселиновиќ има студирано на Актерската школа при Народниот театар во Белград од 1936 година. Во Нови Сад играше до 1940 година, по што се пресели во Белград. Таа покажа голем талент за хумор и сатира.

Оваа српска актерка има играно во првата претстава на Југословенскиот драмски театар – „Кралот на Бетајнова“, на 3 април 1948. Во Белград, играше во Уметничкиот, Народниот и во Југословенскиот драмски театар и во Ателје 212.

Во својот матичен театар, Југословенскиот драмски театар, одигра повеќе од четириесет улоги. За улогата на Џина во „Ужалено семејство“ на Нушиќ ја доби „Стериината награда“ во 1964 година, кога во жирито беше Меша Селимовиќ.
Бранка Веселиновиќ беше блиска пријателка со Десанка Максимовиќ, Миодраг Петровиќ-Чкаља и со Мија Алексиќ.