Мустафи е на продажба

71

Германскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Шкодран Мустафи, пред неколку дена бил информиран од раководните лица дека мора да си најде нов клуб до крајот на летниот преоден рок.

Шефот на стручниот штаб Унаи Емери не крие дека е незадоволен од играта на централниот дефанзивец и лично побарал што е можно побрзо да биде продаден. Мустафи ќе биде продаден на првиот клуб кој ќе испрати официјална понуда не помала од 15 мил. евра.