Мурињо веднаш го побара Велшанецот

135

Новиот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Жозе Мурињо, сака во пролетниот дел од актуелната сезона на располагање да ги има и услугите на велшкиот интернационалец од редовите на Реал (М), Герет Бејл.

Португалецот имаше совршена соработка со Бејл додека двајцата беа дел од Реал (М) и поради тоа сака повторно да соработува со крилниот напаѓач. Англиските медиуми се убедени дека Тотенхем ќе испрати парична понуда за Бејл, но ќе го понуди и данскиот интернационалец, Кристијан Ериксен, кој има договор до крајот на актуелната сезона.