Музички ноти ќе го красат паркот „Ибни Пајко“

302

Петтолиние со виолински клуч и ноти деновиве беше исцртано на пристапната уличка во новиот парк „Ибни Пајко“, што се наоѓа во „музичкиот дел“ на Скопје.

Ова интересно музичко дело го привлече вниманието на посетителите, а особен интерес побуди кај децата кои низ игра можат да ги учат музичките ноти.