Францускиот тенисер Ришард Гаске, смета дека Швајцарецот Роже Федерер е најдобар играч на сите времиња и дека никој не може да се спореди со него. Гаске победи во само два од 19 меѓусебни дуели со поранешниот светски тениски рекет број еден, а денеска 16 – ти играч во светот.

-Роже е далеку најдобар. Му нема рамен во историјата на тенисот, изјави Гаске, кој воедно го спореди Швајцарецот со аргентинскиот фудбалер Лионел Меси.

Федерер во август годинаван аполни 40- години, а откако во четвртфиналето на Вимблдон беше поразен од Хуберт Хуркач, се подвргна на уште една операција на колената и се уште се опоравува.

Тој се очекува да му се врати на тенисот ов јануари наредната година, но неговиот прв настап во новата сезона би можел да биде дури на Вимблдон

Федерер во совјата кариера има осовено 20. грен слем титули и првото место на вечната лиаста го дели со своите најголеми ривали Шпанецот Рафаел Надал и Србинот Новак Ѓоковиќ.