Спортот е полн со подеми, падови, лоша среќа и успех. Има и моменти кои спортистите би сакале засекогаш да ги заборават, еден од нив му се случи на млад спортист.

Алберто Нонино (18) нема добро да го памети Светското јуниорско првенство во атлетика во Колумбија, откако ја загуби трката, бидејќи од шорцевите му испадна пенисот…

Немилиот настан се случи на трката на 400 метри. Му се скинаа шорцевите, тоа го сфати на сред трка и застана да се обиде да се извлече од непријатната ситуација. Сето тоа многу скапо го чинеше, на крајот како последен мина низ целта. Снимката од трката и целата ситуација брзо се проширија на социјалните мрежи.

“Свесен сум што се случи, нема потреба да ми праќам линкови и текстови за тоа. Се обидов да се насмеам на себе по сето ова иако се чувствував ужасно во исто време. Благодарен сум на моите пријатели и семејството кои ми помогнаа да го пребродам одва, изјави Нонино по трката.