Еден од најконтроверзните тенисери на денешницата Французинот Беноа Пер, повторно се најде во центарот на вниманието поради изјавите по поразот во првото коло на Вимблдон.

Беноа Паир изјави дека пристигнал на најпрестижниот грен слем без тренинг и дека по Ролан Гарос играл тенис можеби три или четири часа и одработил два тренинзи на трева.

-Знаев дека е тешко овде, но знаев и дека ќе заработам пари и тоа беше добро за мене, но беше навистина тешко да се дојде до вториот или третиот круг, вели Пер.

Французинот призна дека парите биле единствената причина за неговиот настап на Вимблдон.

-Искрено би одел на секој турнир каде што ќе ми кажат дека ќе ми платат 60.000 евра. Одам на психолог. Не се чувствувам среќен со мојот живот. Затоа сакав да одморам и да си ја вратам страста за спортот. Порано го сакав, но сега го мразам. На крајот решив да се обратам до стручњаци. Се уште не се исплатеше, но долгорочно ќе се исплати, изјави францускиот тенисер.

Пер се наоѓа на 73. место на АТП ранг листата. Најдобриот пласман во кариерата му е 18. место во 2016 година, а овој 33-годишник само од турнирот заработил речиси десет милиони евра. Запаметен е по контроверзните изјави и потези, како на пример кога на публиката ги покажа гаќите.