Моќно издание на Шерон Стоун во Мадрид

219

„Харперс базар“ наградите кои деновиве во Мадрид беа доделени трета година по ред, покажаа извонредни модни стајлинзи за кои сигурно ќе се зборува и во наредниот период. Сепак, по сè изгледа најголемо внимание привлече познатата холивудска актерка Шерон Стоун (61) која иако ја започна седмата деценија од животот изгледаше беспрекорно. Нејзиниот моќен моден стајлинг не остана незабележан од папараците, па нејзините фотографии од овој настан за брзо време го обиколија светот.

Таа на доделувањето на наградите дојде во друштво со најстариот син Роан Џозеф Бронштајн (19), а на црвениот килим се појави во елегантна црна комбинација. Таа за ова случување избра црн костим во строг крој.

Палтото од едната страна беше збогатено со огромен цвет од органза, што ја направи појавата на Шерон Стоун уште повпечатлива. Целиот овој стајлинг таа го заокружи со интересни црни чевли.

Ова, сепак, не е и единствена модна комбинација во која таа се појави во Мадрид. Низ улиците на шпанската метропола таа исто така имаше стајлинг вреден за внимание.

Облечена во бела лежерна кошула, црни панталони во класичен крој, извезени со мониста на едната ногавица и кратка кожена јакна, нејзиниот стајлинг исто така беше пофален од страна на модните експерти.