Во Париз од следната година ќе се наплатува 3 евра од час за паркирање на мотор што е обид на градот да го намали загадувањето и силната бучава.

Од јануари, моторциклистите кои не живеат во тие зони ќе мораат да плаќаат три евра на час за паркирање во 11 централни квартови во француската престолнина и 2 евра за околните квартови, се вели во соопштението на градскиот совет.

Цената е за половина помалку од новите цени за паркирање на автомобили, пренесува Јутарњи лист.

Моторџиите кои ќе паркираат надвор од квартовите (арондисмани) каде не живеат , паркирањето на моторот ќе ги чини 3 евра од час, додека тие што паркираат во квартовите каде живеат, ќе плаќаат 2 евра за час.

Паркирањето на електричните мотоцикли е бесплатно, а годишната паркинг карта за останатите мотори изнесува 22,50 евра. Парижани во принцип ги поддржуваат овие мерки на градските власти со цел да се намали загадувањето, но и бучавата што ја предизвикуваат моторите.