Голманот на полската ракометна репрезентација Адам Моравски, потпиша тригодишен договор со германскиот прволигаш Мелсунген. Тој во Бундеслигата ќе се пресели од следната сезона, кога ќе му заврши договорот со актуелниот клуб Висла Плок.

Тој минутажата на голот ќе ја дели до Небојша Симиќ, додека ветеранот Силвио Хајневетер ќе го напушти тимот на крајот од оваа натпреварувачка сезона. На клупата на Мелсунген неодамна седна поранешниот предвдоник на Вардар, Роберто Гарсија Пародно, кој го замени Гудмундур Гудмундсон по слабиот старт на сезоната.

Моравски цела своја кариера ја мина во домашниот шампионат. Во Висла е член од 2013 година, а уште бранеше за Гдањск и Погон.