Момче запроси девојка на дното на Охридското Езеро (ВИДЕО)

287

Момче на необичен начин се одлучи да ја запроси својата девојка. Како што објавија од нуркачкиот тим „Акватек” запросувањето се случило на дното на Охридското Езеро каде момчето го оставило сандачето во кое се наоѓал прстенот и ја повикал девојката да нуркаат.

Кога се спуштиле на дното на езерото, пренесува МКД.мк го отклучиле сандачето покажувајќи и го прстенот и со мимики со раце Александар и објаснил на Матеја дека тој сака таа да се омажи за него. Таа изненадено му подава рака да и го стави прстенот и среќни испливаа на површината.

Од нуркачкиот тим „Акватек” објавија видео од ова несекојдневно запросување.