Можно е до крајот на мај да се отворат рестораните за свадби, изјави Бектеши

298

Министерот за економија Крешник Бектеши, не ја исклучи можноста на крајот на мај да бидат отворени рестораните за свадби.

-Верувам дека во разговорите кои ги имаме во рамките на Кризниот штаб, некаде кон крајот на мај треба да се дозволи и отворањето на рестораните за свадби имајќи го предвид и трендот на намалување на бројот на нови случаи, изјави Бектеши на ТВ21.

Рестораните за свадби повеќе од една година се веќе затворени, не се дозволени свадби и други поголеми семејни веселби поради пандемијата. Во моментов се затворени и другите угостителски објекти поради третиот бран.