Мобилни тимови за поддршка на ранливите групи посетија 50 домаќинства

73

Мобилните тимови на Општина Карпош и Црвениот крст, поради состојбата со коронавирусот изминатиов период посетија повеќе од 50 домаќинства и им обезбедија соодветна услуга, како набавка на храна, лекови и хигиенски средства.

– Се помага на најранливите групи, стари и изнемоштени лица, семејства со лице со попреченост, хронично болни и граѓани во изолација. Примарната цел е овие граѓани да не излегуваат од своите домови со цел да немаат контакт со други луѓе и да се спречи ширење на коронавирусот- се вели во соопштението од Општина Карпош.

Со ѕвонење на броевите 02/3068-806 и 071-349-230, граѓаните кои се дел од ранливата група можат да се регистрираат и да ја добијат соодветната услуга. Оваа услуга е бесплатна, а граѓаните единствено вршат наплата на продуктите кои сакаат да им се набават.

За овој проект, Општина Карпош одвои 50 илјади денари од својот Буџет, со цел да се обезбедат трошоците за волонтери и нивен превоз.

Општина Карпош ги повикува сите граѓани да ги почитуваат препораките и мерките за заштита од коронавирусот.