„Изложувањето на македонскиот уметник Мице Јанкуловски заедно со легендата на модерната уметност Пабло Пикасо, на саемот на уметност во Солун, истовремено претставува афирмација за нашата земја на највисоко ниво. Меѓународниот саем за уметност „Арт Тесалоники“ беше основан како најважен уметнички настан во Југоисточна Европа. Покрај неговата комерцијална димензија, присуството на најважните галерии во Грција, но и од целиот свет, го направија престижен културен настан“, информираат од галеријата „Остен“

Македонскиот уметник Мице Јанкуловски, кој годинава, на 50 години од неговото творештво, ја доби највисоката награда за животно остварување „Лоренцо ил Мањифико“ на Фиренца, на Биенале 2019, со своите дела ќе се претстави на 4. Меѓународен саем за современа уметност „Арт Тесалоники“ кој ќе се одржува од 21 до 24 ноември во Солун.

Во рамките на изложбата „Неочекуван дијалог – Пикасо и Јанкуловски“, чиј куратор е Манос Стефанидис професор на универзитетот во Атина, пред светската јавност ќе бидат претставени керамики на Пикасо и слики на Јанкуловски. 

„Изложувањето на македонскиот уметник Мице Јанкуловски заедно со легендата на модерната уметност Пабло Пикасо на саемот на уметност во Солун, истовремено претставува афирмација за нашата земја на највисоко ниво. Меѓународниот саем за уметност „Арт Тесалоники“ беше основан како најважен уметнички настан во Југоисточна Европа. Покрај неговата комерцијална димензија, присуството на најважните галерии во Грција, но и од целиот свет, го направија престижен културен настан. Почесен уметник оваа година е Американецот со грчко потекло Били Зејн“, информираат од „Остен“.

Од Арт Тесалоники, пак, посочуваат дека за прв пат ќе бидат претставени 15 оригинални керамички дела на Пабло Пикасо во уметнички дијалог со делата на сликарот Мице Јанкуловски.

Според кураторот Стефанидис, заеднички елемент на двата креатори Пабло Пикасо, легендата за модернизмот и меѓународниот сликар Мице Јанкуловски, е смислата на драмата и чувството на игра, смислата на алгос и чувството на патхос кој е по дефиниција нарушен од уметничка креација. Црното доминира, додека белото и синото ги поставуваат границите и интензитетот на овој неочекуван, интересен дијалог.

„За Мице Јанкуловски црната боја е цел космос на духовни предели, емоционални идеи и историски документи. Преку црната боја, уметникот верува дека може да ја претстави судбината на човештвото. Тој може да ја раскаже драмата на човештвото, затоа што светот престанува да биде мрачен кога се зборува за него“, вели кураторот.

„Целта на организаторите оваа година е саемот да ги надмине претходните три, навистина многу успешни изданија. Меѓународниот саем за уметност „Арт Тесалоники“ беше основан како најважен уметнички настан во Југоисточна Европа. Покрај неговата комерцијална димензија, присуството на најважните галерии во Грција, но и од целиот свет, го направија престижен културен настан.

Инаку, почесен уметник оваа година е американскиот актер со грчко потекло Били Зејн. Тој учел театарска уметност на Харанд Камп за театарска уметност на езерото Елкхарт, Висконсин. На многу рана возраст ја открил љубовта кон глумата, но исто така и кон сликарството. Има глумено во многу филмови, како „Враќање во иднината“ (1985) и „Титаник“ (1997). Поседува компанија за филмска продукција и го продуцира филмот „Танцување со Брандо“ (“Waltzing with Brando”) каде исто така и глуми.

53-годишниот актер, исто така, еволуираше во остварен уметник чија работа, е опишана како апстрактен експресионизам.

„Уживав во мојата страст да сликам пред околу 25 години, а почнав да сликам додека чекав аудиции“, рече Зан на презентацијата на саемот во понеделникот.

На саемот за уметности учествуваат скоро 40 галерии, кои ги претставуваат Грција, Белгија, Северна Македонија, Романија, Турција и САД со најмалку 500 експонати. (Д.Т.)