Мице Јанкуловски добитник на наградата „Лоренцо ил Магнифико“ на Фиренца Биеналето

154

На македонскиот сликар и карикатурист Мице Јанкуловски синоќа на Фиренца Биеналето му беше врачена наградата „Лоренцо ил Магнифико“ за животно остварување.

Наградата му ја врачија основачите на Биеналето Пасквале и Пјеро Челона, а причините за доделувањето на наградата ги образложи Мелани Зеферино, куратор на Фиренца Биеналето.

На доделувањето присуствуваа и говореа уметничкиот критичар и публицист Манос Стефанидис од Грција, ументикот Мати Грунберг од Израел, како и Роберт Алаѓозовски, национален координатор за развој на културата и меѓународната соработка на Македонија и Александар Наумовски, градиначалник на Ѓорче Петров, општина во која Јанкуловски живее.