Сите можеме да бидеме херои ако одлучиме дека од нас ќе почне менувањето на светот. Ако ова ви звучи како клише, погледнете го примерот на бразилскиот стоматолог Фелипе Роси, кој од зборови преминал на дело.

Откако ја регистрирал неговата невладина организација Por1sorriso во 2016, тој патува низ неговата татковина, но има посетено и други сиромашни земји како Кенија и Мозамбик. Неговата мисија е да им ја врати насмевката и на најсиромашните луѓе на светот.

Со тимот негови колеги, тој бесплатно им ги поправа забите на луѓе со ниски приходи со што им помага да си ја вратат самодовербата и им дава надеж.

Во овие три години како што трае проектот, повеќе од 4.000 илјади луѓе доброволно се пријавиле да волонтираат. Иако многумина од нив по некое време се откажуваат, сепак организацијата на Роси го има сменето животот на многу луѓе.

Фелипо Роси, 38, вели дека неговиот тим може да изведе до 1.500 стоматолошки интервенции за време на една типична „акција“ за поправање заби во некое село или град.

Тој вели дека секоја петдневна мисија во Бразил, која обично се одвива во училишни згради или некакви сали, чини околу 5000 американски долари. Овие средства ги обезбедуваат од спонзори.

Но, тој вели дека неговата НВО се бори да опстане поради високите трошоци на стоматолошките интервенции и постојаната потреба од прибирање средства.

Еве како изгледа работата на Филипо Роси низ фотографии од пред и потоа.

 

 

 

 

Извори:
www.boredpanda.com
www.demilked.com
www.dailymail.co.uk