Европската кошарка од година во година се повеќе напредува. Тоа најдобро може да се забележи во Евролигата, која прераснува во едно од најквалитетните кошаркарски натпреварувања во светот. Со самото тоа и голем дел на национални првенства постигнуваа енормен напредок.

Меѓутоа, европската кошарка се уште е во рацете на големите клубови, пред се оние екипи кои можат да понудат огромни цифри за најдобрите кошаркари, а од ова лето ги имаме и најплатениот играч во историјата на европската кошарка.

Станува збор за шпанскиот кошаркар со црногорско потекло, Никола Миротиќ. Тој во текот на летото ја напушти НБА лигата и потпиша четиригодишен договор со Барселона во вредност од 5,4 милиони долари по сезона.

Претходно, само Џош Чилдрес заработуваше близу до платата на Миротиќ, кој во 2008 година потпиша за Олимпијакос и за три години инкасираше 20 милиони долари.

Миротиќ моментно е кошаркар со најголем договор, а милионери во Европа кога во прашање е овој спорт ги има уште многу.

Најплатени десет кошаркари во Евролига: Никола Миротиќ (Барселона) 5.4 милиони евра, Алексеј Швед (Химки) 4 милиони евра, Валтер Таварес (Реал Мадрид) 3, Нандо Де Коло (Фенербахче) 2.6, Ник Калатес (Панатинаикос) 2,55, Јан Весели (Фенербахче) 2,43, Серхио Љуљ (Реал Мадрид) 2.2, Серхио Родригез (Армани Милано), Алекс Абињес (Барселона) и Кори Хигинс (Барселона) со по два милиони евра по сезона.