Мирен и масовен протест во Атина за годишнината од убиството на 15-годишниот Григоропулос

40

Со извици против полицијата, но и дека денешниот ден му припаѓа на Алекси, масовно и мирно заврши протестот за годишнината од убиството на 15-годишниот Алексис Григоропулос во 2008 година, кој беше застрелан од полицаец, јави дописничката на МИА од Атина.

Демонстрантите маршираа низ улиците во центарот на Атина и мирно го завршија протестот, за потоа дел од нив да се упатат кон населбата Ексархија во која беше убиено момчето и важи за населба на анархистите, каде што мала група предизвика мали и изолирани инциденти.

Атина, како и секоја година на 6 декември кога традициално се одржуваат протести и денеска беше под драконски безбедносни мерки со ангажирани над 4.000 полицајци.