Министерот Сугарески сe сретна со новоименуваниот кинески амбасадор Џанг Ѕуо

97

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска се сретнал со новоименуваниот Амбасадор на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.

На средбата, соопштија од Министерството за транспорт и врски, се разговарало за економската соработка помеѓу двете земји, при што министерот Сугарески го информирал амбасадорот Ѕуо за реализацијата на инфраструктурните проекти.

Посебен акцент Сугарески ставил на проектите што се реализираат со поддршка на ЕКСИМ Банка, во кои се вклучени компании од НР Кина.

Исто така, како што стои во соопштението, министерот Сугарески го информирал амбасадорот дека преку ЕКСИМ Банката се обезбедени дополнителни средства за доизградба на автопатот Кичево-Охрид.

На мое лично задоволство денеска одржав работна средба со Амбасадорот на НР Кина, на која разговаравме за капиталните проекти што ги реализираме во нашата држава. Воедно го информирав амбасадорот дека во следниот период се отвора широк фронт за работа и ги повикав сите заинтересирани кинески компании да учествуваат во јавните повици за изградба на железницата, гасификацијата и патната инфраструктура. Со НР Кина сме пријателски земји, имаме одлична соработка и се надевам дека таквата соработка ќе продолжи и во иднина, изјавил министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

И двете страни покажале заинтересираност за зголемување на економската соработка и продлабочување на пријателските односи.