Дома МАКЕДОНИЈА Милошоски: Главниот нарачател за случајот „Рекет“ е дел од власта

Милошоски: Главниот нарачател за случајот „Рекет“ е дел од власта

125

Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски смета дека главниот нарачател кој давал насоки во случајот „Рекет“, е дел од политичките структури од власта.

Тој најавува дека опозициската партија веројатно ќе бара анкетна комисија или надзорна расправа за состојбите во СЈО, а последниот случај е само доказ дека треба да се направи квалитетен закон за обвинителството.

– Во текот на разговорите за законот за обвинителство, на минситерката Рената Дескоска и предложивме во парламентот да се формира анкетна Комисија за отчет на работата на СЈО, но тоа тогаш беше одбиено. Сега после овој слулчај, анкетна Комсиија или надзорна расправа би биле неопходни. – изјави Милошоски, пренесе Сител.