Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, е убеден дека Игрите во Токио ќе се одржат следното лето, а оваа недела ќе им се придружи на организаторите во убедувањето на спонзорите дека тоа ќе се случи.

  • Единственото нешто потешко од самата организација на Олимпијадата е да ги убедиме компаниите да внесат милијарди долари во спонзорство заради економски турбуленции и скептицизам во врска со пандемијата на коронавирус, истакна Бах.

Средбите на Бах и потпретседателот на ИОК, Џон Коутс, кој ги надгледува подготовките за Игрите, со јапонските власти започнаа да се одржуваат (вчера и денеска).

Мерките против коронавирусот ќе бидат на дневен ред, кои вклучуваат карантин, правила за влез на спортисти во земјата, тестирање, вакцини, како и присуство или отсуство на навивачи.

До крајот на 2020 година и почетокот на 2021 година не се очекуваат многу детали за организацијата, што ја објаснува неизвесноста. Олимписките игри во Токио се преместени од оваа за следната година и треба да започнат на 23 јули.