Милион дози кинески вакцини пристигнаа во Србија/ВО ЖИВО

26

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес, на аеродромот Никола Тесла во Белград, го пречека авионот на „Ер Србија“, кој донесе еден милион вакцини на компанијата Синофарм од Кина.

Зоран Гојковиќ, член на Кризниот штаб за сузбивање на епидемијата на коронавирусот, изјави дека по добивањето на сите одобренија од Агенцијата за лекови и медицински помагала, примената на кинеската вакцина во Србија може да започне во недела или понеделник.