МК МЗШВ и Германската КFW банка наскоро треба да го потпишат договорот за започнување на проектот Хидросистем Лисиче трета фаза

100

На јавна расправа во Општина Велес вчера помина Студијата за оцена на влијанието врз животната средина под проект Хидро систем Лисиче трета фаза, која ја претстави Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) заедно со консултаните од компанијата ЕNKON кои ја изработија студијата.

Како што појасни за МИА Дејан Арсовски директор на ХС „Лисиче”, јавната расправа за влијанието на животната средина е само една од компонентите од веќе изработената пообемна физибилити стидија за третата фаза од ХС Лисиче”.

-Со оваа последна јавна расправа се финализира постапката за обезбедување на учество на јавноста, во однос на еколошките аспекти на овој значаен проект. Тоа значи дека физибилити студијата ги помина сите фази и сега се очекува МЗШВ да го потпише договорот со германската КFW банка за поволен заем од околу 24 милиони евра за изградба на третата фаза од ХС „Лисиче”, појасни Арсовски.

Оваа инвестицијата ќе опфати цевковод од околу 20 километри од браната на ХС „Лисиче”до филтер станицата во Велес и секундарна мрежа од околу 190 километри по земјоделските површини.

-Со овој проект се предвидува изградба на систем за наводнување на 3.700, односно на бруто 4.200 хектари со разгранета секундарна мрежа од 190 километри со околу 1.600 приклучоци. Воедно се планира изградба на три мали хидроцентрали за производство на електрична енергија. Со тоа ќе се искористат потенцијалите кои ги овозможува хидросистемот, ќе се стимулира и унапреди земјоделското производство и ќе се овозможи економски развој на регионот, посочи Арсовски.

Тој информира дека во 2020 година ќе треба да се изработи основен и инфраструктурен проект, а потоа и геодетскиот елаборат. Градежните работи се планира да започнат во 2021 година и да се реализираат за краток период и системот да профункционира.

Арсовски информира дека овој капитален проект кој е подржан од Владата, по потпишувањето на договорот на МЗШВ со германската КFW банка треба да влезе во Собраниска процедура