Кошаркарите на МЗТ Скопје претрпеа уште еден пораз во регионалната АБА2 лига, откако вечерва загубија од Студентски Центар со 92:75.

Тимот од Аеродром одигра уште еден лош натпревар во АБА2 лигата, имаше 22 загубена топка, половичен учинок од линијата за слободни, па со овој пораз остануваат на средина од табелата со четири победи и три порази. Од друга страна, Студентски останува единствениот непоразен тим во втората регионална лига.

МЗТ лошо го стартуваше натпреварот и по првите десет минути имаше негатива од девет поени (23:14). Во втората и третата четвртина нашиот претставник успеа да ја намали негативата, но во последната повторно потклекна. Несериозен пристап, премногу загубени топки, лесни поени на противникот, беше само дел лошото претставување на кошаркарите на МЗТ, меч со кој го завршија вториот „балон“ кој се играше во Бања Лука.

Најефикасен меѓу избраниците на Ѓорѓи Кочов беше Хасани Гравет со 21 поени, додека на спротивната страна АНдрија Славковиќ даде исто току коша.