Меѓународна недела за превенција од каснување од куче

259

Почнувајќи од денеска денеска, до 18 април, се одбележува Меѓународната недела за превенција од каснување од куче и се фокусира на едукација на луѓето за спречување на овој проблем.

Каснувањето од куче претставува сериозен здравствен ризик како и за другите кучиња, така и за луѓето. Се почесто имаме ситуации на каснати и нападнати граѓани, а неретко жртви на каснување се децата.

-Кучињата можат да каснат и нападнат од различни причини, вклучувајќи несоодветна грижа или недостаток на социјализација. Сите кучиња, дури и добро обучените се способни да каснат кога се испровоцирани-информираат од јавното претпријатие „Лајка“.

Оттаму, за да се намали бројот на повреди врз луѓето како резултат од напад на куче и ризикот од откажување на сопствениците од своите кучиња ги препорачуваат следните совети: едуцирајте се за позитивните техники за обука и посветете време на интеракција со вашето куче, постепено започнете да го зближувате да игра со други кучиња и луѓе. Ова ќе му помогне на вашето куче да се навикне повторно да биде опкружено со други кучиња. Потоа, редовно шетајте и вежбајте го вашето куче за да го одржите здраво и да обезбедите ментална стимулација, бидете сигурни дека вашето куче е здраво.

-Не се очигледни сите болести и повреди, а кучињата честопати каснуваат ако се болни или имаат болка. Ако веќе некое време не сте биле на ветеринар, закажете состанок за преглед за да разговарате за физичкото однесување на вашето куче-нагласуваат од ЈП „Лајка“.