Ракометарите на Мешков Брест по победата над Вардар во првото коло од Лигата на шампионите, направија уште една сезнација. Белорускиот шампион ја забележа првата победа во меѓусебните пресметки со најбогатиот клуб во светот ПСЖ со 32:31.

Избраниците на тренерот Раул Гонзалез не се покажаа во најдобро светло, а тоа го искористија Белорусите за втора домашна победа во новата сезона од елитното натпреварување.

Ваилупа постигна седум гола, Паниќ, а Санталов заврши по пет гола. Кристопанс со седум погодоци беше прв стрелец кај „светците“.

Унгарскиот шампион Веспрем во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Дејан Манасков славеше над Мотор Запорожје со 37:34. Македонскиот репрезентативец беше стрелц на еден гол, додека најефикасен во победничкиот тим беше Србинот Петар Ненадиќ со десет гола.

Флензбург во финишот го скршија отпорот на Порто и со 36:29, Екипата каде настапува репрезентативецот на Македонија, Никола Митревски парираше до средината на вториот дел, но попушти на крајот и со наведната глава го напушти теренот.

ППД Загреб  загуби од Албор со 27:26. „Плинарите“ долго водеа, гостинот на крајот се радуваше, а најдобар поединец на средбата беше Јул Ласен со осум голови.