Меч со две острици: Гостољубив Британец примил украинска бегалка, за десет дена ги оставил сопругата и децата поради неа

176

Тони Гарнет од Бредфорд во Велика Британија ја остави сопругата Лорона со која има две деца откако се заљуби во Софија Каркаџим, украинска бегалка која ја напушти својата татковина на почетокот на инвазијата.

Тони и неговата сопруга ја однеле Софија во својот дом за да ѝ обезбедат покрив над главата додека не врзе крај со крај, но брзо се развиле чувства меѓу Украинката и 29-годишниот Британец.

Почнале да поминуваат се повеќе време заедно, да одат заедно во теретана и да разговараат со часови, што набрзо почнало да и пречи на неговата сопруга.

Лорона во еден момент ја нападнала Софија и и наредила да ја напушти нивната куќа, а Тони тогаш решил да замине со неа.

https://twitter.com/LucyLogical/status/1527968495614537730?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1527968495614537730%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.cdm.me%2Fzabava%2Fzanimljivosti%2Fbritanac-primio-ukrajinku-kao-izbjeglicu-za-deset-dana-zbog-nje-ostavio-zenu-i-djecu%2F

 

„Жал ни е за болката што ја предизвикавме, но со Софија имам врска каква што немав досега. Планираме да го поминеме животот заедно“, изјави Тони за The Sun.

„Штом го видов, ми се допадна. Сето тоа беше многу брзо, но ова е нашата љубовна приказна. Знам дека луѓето ќе мислат лошо за мене, но тоа се случува. Видов колку е несреќен Тони“, додаде Софија.

Моментално живеат во куќата на неговите родители додека не најдат стан за себе.

Откако оваа вест беше објавена во медиумите, многумина ги нападнаа и Тони и Софија, додавајќи дека тоа е лоша слика за бегалците од Украина.