Ако може да им се верува не неколку македонски портали, тимот на Металург веќе иа пополнил дупката на среднобековската позиција со босанскиот репрезентативец Марко Тарабокија.

Тарабокија (31) во Автокоманда доаѓа како уште едно звучно засилување, а последната сезона ја мина во Унгарија каде го носеше дресот на Чурго. Најголемите успеси тој ги оствари во Висла Плок, каде играше од 2015 до 2019 година.

За овој трансфер се уште нема одицијална потврда на официјалната интернет страница на тимот од Автокоманда.

Металург со ангажманот на Тарабокија состави одличен тим за настапот во Европската лига на ЕХФ. Претходно, тимот се поднови со Златко Хорват, Бранко Канкараш, Момир Рниќ, Никола Потиќ…