„Мелодиски пат“, свири со брзината со која возите!/видео

162

Тим од Институтот за индустриски истражувања во Хокаидо од Јапонија изградил „мелодиски пат“ кој автомобилите го користат како „перце за гитара“ за пуштање музика додека се возите по патот на мелодијата. Односно, патот ја свири музиката со брзинината со која вие возите.

Инаку првиот пат што свири е направен во 1994 година во Данска од двајца уметници.

Националниот индустриски истражувачки центар на јапонскиот остров Хокаидо го унапреди дизајнот и креира таканаречен „Пат на мелодијата“. Во централна и северна Јапонија постојат три музички патеки – од кои едната свири мелодија од јапонска поп песна.

Известувањето за претстојниот музички интервал кое трае околу 30 секунди, се нагласува со обоени музички ноти насликани на патот. Симфонијата и тоновите се различни во зависност од брзината, а целта е да допре до свеста на возачите да ја почитуваат брзина.

Концептот функционира со употреба на таканаречени „засеци“ кои се сечат во многу специфични интервали по површината на патот. Патентните документи го опишуваат дизајнот како еден вид „засеци“ формирани на делови од патот така да ја пуштаат саканата мелодија.

Во зависност од таоа колку сте оддалечени од тие „засеци“, автомобилот кој се движи по нив ќе произведе низа на високи или ниски ноти-тонови, овозможувајќи да се создаде точната мелодија.

Всушност, ако возачот сака да ја слушне вистинската мелодија, мора да вози како што е пропишано, односно со брзина 50 километри на час. Доколку ја зголеми брзината, музиката станува речиси неподнослива бидејќи, во вистинската смисла на зборот, се деформира и се губи вистинската арија.

Земјата на изгрејсонцето оживеа на ист начин 33 делници, ама и инспирирала други, па такви траси постојат и во Калифорнија и во Ново Мексико, САД.