Ирскиот борец Конор Мекгрегор уште еднаш покажа дека е лепило за пари, откако за само 40 секунди дојде до сума од 60 милиони фунти. Тој пред неколку дена ја забележа 22-та победа во кариерата, во која има само четири порази, воедно дуелот против Доналд Серон за него беше прв по пауза од 15 месеци и поразот од Хабиб Нурмагомедов.

На Ирецот му беше потребна само една рунда за да го испрати Американецот во светот на соништата. Конор претходно се пофали колку ќе заработи од оваа борба, а според добиените 60 милиони фунти, во превод значи дека за секоја секунда од борбата доби по 1.5 милиони фунти. Тоа е одлично за една вечер, а јасно е дека парите за оваа борба ги привлече само Ирецот. Со победата на борбата заработи само 3.8 милиони фунти, а остатокот се од ТВ права и спонзори. Исто така, интересно е што му требаше двапати помалку време да го победи Серон, отколку времето кое го потроши при влегување во октагонот.

Влегувањето во кафезот траеше една минута и 37 секунди, додека самата борба само 40 секунди. Со новата победа, Мекгрегор стана првиот борец во историјата на УФЦ кој славел со нокаут во три тежински категории: перолесна, лесна и велтер.

Но, за разлика од него, инстаграм-ѕвездата Дан Билзериан, е посиромашен за еден милион долари. Тој се обложи на победа на Серон во дуелот против Мекгрегор и со тоа загуби огромна сума на пари.