Ривалот од Премиер лигата, тимот на Астон Вила, со големо внимание ја следи ситуацијата околу капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер. Раководните лица на „црвените ѓаволи“ сакаат по секоја цена да се ослободат од услугите на централниот дефанзивец кој пред неколку сезони беше купен од Лестер за 87 мил. фунти. Неофицијално, Астон Вила сака прво да го позајми Мегваер, а потоа да го откупи неговиот договор.