Принцот Хари (35) и неговата сопруга Меган Маркл (38) се огласија на својата службена страница Сасекс Ројал откако пред некој ден беше објавено дека од пролет повеќе нема да може да ја користат ознаката Сасекс Ројал..

Кралицата не го поседува зборот „кралски“ во целиот свет, напишаа Хари и Меган.

Изјавата што ја објавија на страницата Сасекс Ројал многумина ја протолкуваа како непријателска, а нејзиното значење како непочитување кон кралицата.

Експертите за кралското семејство велат дека станува збор за уште една ПР катастрофа на оваа двојка.

Дејли мејл објави дека Меган наводно им рекла на пријателите дека од правен аспект ништо не може да ги спречи да ги користат кралските титули.

Биографот на принцот Чарлс, Том Боуер рече дека сега јавноста конечно ја гледа вистинската природа на Меган.

-Нејзините коментари за одлуката на кралицата се злобни. Се плашам дека работите ќе станат уште полоши, вели тој.