Аргентинскиот тенисер Диего Шварцман, истакана дека после поразот од Данил Остапенко во Дејвис купот, добивал смртни закани . Моментно петнаесетиот тенисер во светот, претре шокантен пораз од 18 – годишниот тенисер од Белорусиј, кој нема ранкинг на АТП листата и е 63. Играч во светот меѓу јуниорите. Шварцман загуби со 2:0 од Остапенко во Аргентина, поточно во својот роден град Буенос Аирес.

-Тоа беше еден од моите најлоши денови во кариерата. Загубив од неискусен играч без ранкинг. Тоа ми беше доволно, но добив и гради пораки. Иако 80 % од луѓето ме подржуваа и ме охрабруваа, имаше и луѓе кои ме критикуваа и имаа лоши намери. На друштвените мрежи ме навредуваа и ми се закануваа со смрт. Ми пишуваа никогаш повеќе да не доаѓам во Аргентина, изјави Шварцман.