EPA-EFE/EDDY RISCH

Серена Вилијамс и Марија Шарапова имаа голем број тениски битки во нивните успешни кариери (од кои во повеќето победи Американката), но сега неочекувано двете станаа блиски пријателки откако и двете станаа мајки.

„Таа е мојата најдобра пријателка сега. Извини, Каролина Вознијацки. Таа е првата личност на која ѝ се јавувам за да разговарам за секојдневните работи што ги правам. Мајчинството навистина нè зближи“, изјави Вилијамс.

Неодамна Шарапова зборуваше и за Серена и нејзината сестра Венус.

„На секоја прес-конференција бев сведок на Венус Вилијамс како се бори за еднакви пари во женскиот тенис. Мора да се признае. Серена заслужи да добие вакво испраќање. Си замина како борец, како што тоа го правеше во текот на нејзината кариера – со напорна работа, но и со грациозност, рече Шарапова.