Мајкл Џордан, без сомнение, е еден од најдобрите кошаркари во историјата, но и човек кој обожава голф, па кога тие две работи ќе се соединат, ќе се добие неверојатна приказна од кариерата на славниот играч на Чикаго.

Приказната ја раскажа Џереми Роник, хокеарската легенда и пријател на Џордан, кој исто како кошаркарот играше за Чикаго, за „Блекхокс“.

Тој откри интересна приказна која се случила во 1992 година, односно дека заработил многу пари од Џордан победувајќи го на натпревари во голф.

  • Игравме голф и го победив неколку пати. Направив неколку илјади долари и тој се подготвуваше да си оди дома. „Биковите“ играа против Кливленд таа вечер. Беше десет часот наутро, а тој ми рече дека сè уште сака да играме, истакна Роник.

Хокеарот повторно го победил кошаркарот, заработувајќи дополнително неколку илјади, но играта се развлекла, па Џордан морал директно да оди на натпревар.

  • Продолживме да играме и пиевме цело попладне, можеби по десет пива, а после тоа тој отиде директно на натпревар. Сите пари кои ги заработив од него ги ставив на победа за Кливленд. Тој ми кажа дека Чикаго ќе победи со 20 поени разлика и дека ќе постигне над 40 поени. Човекот на крајот постигна 52 поени, а Чикаго победи со 26 разлика, додаде Роник.