Мајк Грир застана на чело на НХЛ-лигашот Сан Хозе шаркс и со тоа стана првиот црномурест генерален менаџер во историјата на северноамериканската лига во хокеј на мраз.

  • Исклучително сум горд и благодарен што добив шанса да бидам генерален менаџер на Сан Хозе шаркс – изјави 47-годишниот Грир, кој го носеше дресот на овој тим од 2006 до 2009 година, а во НХЛ-лигата настапуваше 14 сезони.

Тој доаѓа на местото на Даг Вилсон, кој на почетокот од април поднесе оставка на местото генерален менаџер на Сан Хозе шаркс поради здравствени причини, по 19 години на чело на франшизата и ги пропушти настапите во плејофот во последните три сезони.