Маска може да биде поефикасна заштита од ковид-19 од вакцина

63

Директорот на Центарот за контрола и превенција на болести на САД, Роберт Редфилд, изјави дека ќе биде потребна една година пред вакцина против ковид-19 да стане достапна за пошироката американска јавност и Доналд Трамп побрза да го исправи, тврдејќи дека тоа ќе се случи за неколку недели.

Во своето сведочење во Сенатот, пренесува СДК.МК Редфилд кажа и дека маските можат да бидат поефективни од вакцините.

„Заштитната маска ми гарантира подобра заштита од ковид-19 од вакцина“, изјави тој, појаснувајќи дека вакцина можеби нема на сите да им обезбеди имунитет.