Американскиот производител на електрични автомобили Тесла повторно ќе почне да прифаќа биткоини како средство за плаќање кога „копањето“ на нив ќе помалку ќе ја загадува околината. Тоа го објави шефот на компанијата, мултимилјардерот Илон Маск.

Маск на Твитер напиша дека Тесла повторно ќе почне да прифаќа биткоини кога ќе се потврди дека околу половина од електричната енергија за нивно извлекување доаѓа од чисти извори, со тенденција да се зголеми овој удел.

Компанијата предизвика сензација во февруари кога објави дека ќе започне да прифаќа биткоин како платежно средство – нешто што стана реалност кон крајот на март. Сепак, само неколку недели подоцна, Елон Маск направи пресврт тврдејќи дека е потребно да се заштити животната средина.

Најпопуларната криптовалута се добива од моќни компјутери што трошат огромни количини електрична енергија. Вредноста на биткоинот денеска порасна за околу 10 проценти – на над 39.100 долари.