Маск нуди решение за финансиската криза во САД: Осигурајте ги сите банкарски депозити

66

Сопственикот на „Тесла“ и „Твитер“ Илон Маск предложи решение за актуелната банкарска криза во САД – Владата мора да ја укине сегашната горна граница на осигурување од 250.000 долари за сите депозити, за да ги спречи клиентите панично да ги повлекуваат парите.

Маск реагираше на медиумските извештаи дека американските функционери бараат начин привремено да ги осигураат депозитите над сегашната граница од четврт милион долари без да мора да добијат одобрение од Конгресот.

„Апсолутно неопходно“, рече Маск.

Минатата недела Маск ја повика Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC) да ги осигура и депозитите на клиентите поголеми од 250.000 американски долари.