Марко Миљковиќ и Луна Џогани започнаа врска во текот на риалити шоу „Задруга“ ,а по раскинувањето пред самиот крај на шоуто парот се смири по излезот од истото.

Нивната врска беше опишувана како идилична, со мали караници, се до еден потег на Марко од кој многумина се имаат изненадено. Поточно Марко на својот инстаграм профил ги има одследено сите луѓе дури и неговата девојка Луна, а засега само следи еден профил, односно тоа е профил на неговиот бренд „Сиктер“.

Марко на своето стори на Инстаграм објави :

-Инстаграм е едно прекрасно место, кога следите само еден профил.

Од друга страна, Луна и понатаму го следи нејзиниот дечко на инстаграм.

(М.А)