Петгодишно момче во една градинка во Масачусетс донесло кесичка со кокаин, објави Ен-би-си Њуз.

Учителката во градинката се шокирала кога и рекол дека правот го става в уста и потоа се чуивствува како Спајдермен. На кесичката со кокаин имало сликичка од Спајдермен.

Таа веднаш го известила директорот на установата и повикала полиција.

Иако кесичката не била отворана, полицијата превентивно го одвела момчето в болница каде што утврдиле дека детето најверојатно не конзумирало од прашокот.

Потоа, полицијата отишла во домот на семејството на детето каде што го затекнале татко му кого и го уапсиле. Во куќата пронашле 38 кесички кокаин и 70 кесички хероин.

Полицијата соопшти дека таткото веќе бил баран поради обвиненија поврзани со наркотици.

Инаку, во куќата имало и едно бебе, а двете деца сега се сместени во центар за социјална грижа.