После повеќе од девет месеци, во последниот ковид биланс не се регистрирани починати лица од коронавирусот во земјава. Има нови 8 случаи.

Меѓутоа од Министерството за здравство велат дека вирусот е далеку од победен, но дека ова влева надеж дека сме поблиску до ставање крај на агонијата.

„Денес за прв пат по 2 септември 2020 не бележиме ниту еден починат од Ковид. Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме“, велат од Министерството.