Македонски играчи ќе бидат јадрото на ракометниот клуб – КЛ7

170

Првата македонска ракометна лига во новата сезона ќе има уште еден клуб – КЛ7. Сржта на овој нов субјект во македонскиот ракомет е составена од млади играчи чии тренер е Андон Бошковски.

-Почнуваме нов проект , ракометен клуб во кој предност ќе дадеме на младите македонски играчи. Ќе поставиме принципи на функционирање , сериозен пристап во работата и она што е најнеопходно за напредок кај младите играчи квалитетен тренажен процес во текот на целата година. Ќе бидеме инкубатор за поголемите клубови, ќе соработуваме со сите македонски клубови за доброто на македонскиот спорт и ракомет.

Ќе поставуваме високи цели за да можеме да ги препознаеме карактерните особини на нашите играчи за што подобро селектирање. Ќе учествуваме на интернационални турнири со реномирани противници. Нашата цел ќе биде стандарден суперлигаш со таргет млади македонски играчи, изјави Кирил ЛАзаров, творецот на идеата за овој клуб да се натпреварува во македонска насилна конкуренција

Идејата за уште поголема популаризација на ракометот кај децата Лазаров и неговиот тим ја реализираат веќе трета година, преку школите кои работат низ Македонија. Нивното мото е “Ракомет за секое дете”, со цел најдобрите од нив по неколку години да се изборат за своето место во клубот.