Македонска љубовна приказна одекнува од мансарда во Торонто

549

 

Музичката приказна која Ристо Лијаковски почна да ја раскажува во Скопје во  карантински услови поради пандемијата со корона вирусот, тој неодамна продолжи да ја раскажува секојдневно од неговата мансарда во центарот на милионскиот Торонто. Со гитара, одличен вокал и синтисајзер, тој оттаму испраќа преку социјалните мрежи неколку десетици македонски љубовни песни, кои имаат многубројни следбеници. Лијаковски ѝ е познат на македонската публика како член на октетот „Македонија”, на квартетот „Росна китка“, на вокалното инструментално дуо „Ентерпрајз“, по вокација е  дипломиран правник и магистер по криминологија, а се пензионира како успешен нотар.

 

  • Дојдов во Торонто да го посетам моето семејство, синот, ќерката и сопругата. Јас го правам ова редовно најмалку еднаш годишно, така што во последните 20 години сум бил тука 28-пати. А мојот нов музички проект на љубовни песни се роди многу спонтано, кога сфатив дека по моето пристигнување во Торонто треба да поминам 14 дена во задолжителен домашен карантин. Ова е мое слатко музичко задоволство. Имам гитара и синтисајзер во мојот стан, па не ми беше тешко да го реализирам замисленото. Ефектот од овој мој нов музички проект е навистина импресивен, ни го раскажува Лијаковски вториот дел од приказната која продолжи во Канада.

 

 

Тој со македонска традиционална полифонска народна музика се занимава 51, односно од 18 години. Во 1976 година го усовршува својот глас кај легендарната оперска пејачка Марија Скаловска.

Деновиве наполнив 68 години и штета што досега не сум го дал целиот свој музички капацитет. Па, сè додека имам „добар глас“ и животен ентузијазам, ќе продолжам да работам и да барам возбуда. Музиката отсекогаш била хоби за мене: Работев со многу љубов, бидејќи ме натера да чувствувам колку е убаво да се опуштам од напорна работа како дипломиран правник, режисер, адвокат и нотар. Искрено признавам дека музиката го исполнува и го уништува мојот живот, ми ги прошири хоризонтите и, всушност, ме направи побогат во душата, и со неа и преку неа го запознав светот – вели Лијаковски.

 

Музичкиот материјал снимен и во Скопје и во Торонто се емитува на неговиот  Youtube.

Инаку тој е импресиониран од нивото на култура и почитување на мерките за заштита од ковид-19.

– Во Торонто живеат 176 националности, но покрај тоа, постои и многу повисока култура на преземање и почитување на мерките против вирусот корона. Во областа Онтарио, на повеќе од 12 милиони жители, на дневна основа, има околу 150-200 заболени – ни рече Лијаковски.

Сè додека е во Тороното, од неговата масандра, тој на својата публика преку социјалните мрежи ќе им пее македонски стихови за љубовта. (Л.Г.Д.)