Ракометната репрезентативка на Македонија, Елена Ливриниќ, која игра за Глорија Бузау е позитивна на коронавирусот, јавија  романските медиуми.

Пред почетокот на подготовките за новата сезона, сите ракометарки на клубот беа тестирани на Ковид 19, а единствено тестот на Ливриниќ (25) беше позитивен.

Македонската ракометарка сега е во домашна изолација, а во самоизолација ќе бидат и нејзината цимерка Патришија Морару и двајца членови на стручниот штаб.

Фото: РФМ