Македонскиот репрезентативец Ричард Хендрикс кариерата ќе ја продолжи во Јапонија, а тоа значи дека искусниот американски центар нема да му се стави на располагање на нашиот национален тим за претстојните квалификазии. Тој го официјализираше трансферот за тимот на Осака Евеса.

Искусниот најверојатно нема да биде дел од „жолто-црвените“  во првиот прозорец во февруари следната година кога прво ќе ја пречекаме Естонија, а потоа ќе ѝ гостуваме на Русија. Тоа значи дека селекторот Јорданчо Давитков или неговиот евентуален наследник би можеле да сметаат само на Шејн Витингтон, кој неодамна потпиша за Реал Бетис, или, пак, би се натурализирал нов Американец.