Македонската одбојкарска репрезентација ја забележа првата победа на дебитантското учество на Европското првенство во Словенија, откако во четвртото коло славеше над Белорусија сот 3-1 во сетови (23:25, 25:19, 28:26, 25:20).

Токму овој триумф на полуларните „Спатранци“ им влева надеж на утрешниот меч против домаќинот Словенија, дека можеме да приредиме уште едно изненадување со кое ќе се пласираме во наредната фаза. И со евентуален пораз од 3-2 „црвено – жолтите“ имаат реални шанси да обезбедат место во следаната фаза.

Најефикасен во нашиот состав беше капитенот Никола Ѓорѓиев со инзвонредни 37 поени.