Македонската ракометна репрезентација го загуби мечот за бронзениот медал на Медитеранските игри во Алжир. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, беа поразени од Србија со 34:29.

Нашите репрезентативци имаа солиден настап на овие игри, но на крај не беше доволен за победа во битката за третото место на ракометниот турнир.

Финалето за златно одличје ќе го одиграат Шпанија и Египет во 17:30 часот.