„Магијата на цветовите“ на Tасим Кадрија во Софија

99

Самостојна изложба „Магијата на цветовите“ на Tасим Кадрија ќе биде отворена денеска во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија.

Изложбата е составена од над триесет ликовни дела од областа на сликарството со кои авторот, со внесување на повеќе колорит, се обидува да изгради позитивен поглед кон светот и животот.

Tасим Кадрија е роден во Слупчане во Северна Македонија. Основното училиште го завршил во „Јета е ре“, а средното образование го завршил во Куманово, во гимназијата „Гоце Делчев“.

Во 2006 година се запишал на Факултетот за ликовна уметност при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и завршил „Сликарство“.

Вработен е како наставник по ликовно образование во основното училиште „Фаик Коница“  во село Слупчане.

Свои три самостојни изложби во 2017 година поставил во бугарските градови Варна и Карлово.  

Има учества во групни изложби во Скопје, Куманово, Кавадарци, Гостивар, како и во Слупчане. учествувал и во изложби низ градовите на Бугарија: Софија, Велико Трново, Смолјан, Јамбол, Севлиево и град Елена.           

Изложбата е дел од Годишната програма на Културно-информативниот центар на РСМ во Софија, потпомогната од Министерството за култура на Северна Македонија, а ќе биде отворена до 10 септември годинава.